1.Во длабок сад се става млекото (млако) шекер,сол,квасец,масло и јајца убаво се промешува.
2.Потоа се додава 10 лажици брашно и се остава да отстои 5-10мин.
3.Потоа се додава преостанатото брашно и се замесува тесто (може и повеќе брашно зависи од острината на брашното).Тестото се дели на 3 дела.
4.Од секој дел се расукува кора и се премачкува со маргарин.Потоа кората се преклопува неколку пати за да се добие лиснато тесто истото се прави со останатите 2 дела и се става во фрижидер 30 мин.
5.Потоа од секое се сука кора со големината на плехот во кој ќе се пече и се става од предходно испржениот праз измешан со урдата.Истата постапка и за другите кори на последната одозгора се премачкува со јајце и се наросува сусам.
6.Тестото се сече на лети широки 2мм и се виткаат во спирала и се редат на подмачканиот плех кога ке се направат сите со остава да отстои 30 мин и се пече на 200степени 25-30 мин (да поруменат)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови