На почеток, да напоменам дека, мерките се произволни. Можите да си направите колку сакате по желба.
Земаме 2 чајни тркалца. Едното на долната страна го премачкуваме со еурокрем и го прилепуваме со другото. Споените колачиња ги макаме во топло млеко и на крај ги тркаламе од сите страни во кокос.
Е, бидејќи е време на пост и некои постат, еурокремот можат да го заменат со омилениот мармалад, а млекото со посно какао или чај (па нели така и се викаат). На амбалажата на чајните тркалца или колутичи во случајот како се пишани прочитав дека се со посен состав.
Колачи во 5 мин за ненајавени гости или нестрпливи деца, едноставни ама мнооогу вкусни. Ако не ми верувате-пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови