Доколку ви се пријадат здрави и брзи колачи ова е совршен рецепт.

Подготовка:

1. Најпрво го правиме шербетот во сооднос 1 спрема 1 и го оставаме да се олади.
2. Во меѓувреме ги мелеме бисквитите, го додаваме маргаринот и изладениот шербет го додаваме постепено и месиме додека не добиеме убава смеса.
3. Наредно додаваме се што сме подготвиле претходно од овошје и секако бананите испасирани, па продолжуваме со месење и на крај правиме убави бомбици, големината е по ваша желба. Така направените колачи ги ставаме малку да се стегнат.
Доколку сакате можете да ги прелиете со растопено чоколадо, а и не мора и вака се превкусни,лапни голтни :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови