Превкусна и ароматична пита која се топи в уста и ви ги активира сите сетила. Првично сакав само со тиква да ја направам, но потоа решив да додадам и неколку јаболка за да биди посочна. Овој период експериментирам со питите и гледам да го заменам шеќерот во истите со поздрава варијанта. Името ви-фи е на шега додадено зашто сечено парчето потсеќа на симболот за ви-фи.

Подготовка

Прво пригответе го тестото, измешајте ги сите состојки, маргаринот или путерот треба да се ладни и исечени на тенки ленти. Кратко замесете колку да оформите топка, ако многу ви се лепи тестото, додадете малку брашно.

Ставете го тестото околу 1 час во фрижидер покриено со најлон.

Пригответе го филот.

Изрендајте ги јаболката и запржете ги колку да испари водата.

Потоа додадете го пирето од тиква, измешајте убаво, додадете сируп од урми, јаворов сируп или мед, додадете ванилин шеќер и мешавината зачини. Ако немате секакви зачини, додадете само цимет.

Потоа поделете го тестото на 2 нееднакви дела, 2/3 и 1/3.

Поголемиот дел ставете го со тапкање во намастено или нелепливо тавче бр 24 или 26. Раширете го и кон страните на тавчето.

Распоредете го филот.

Другиот дел од тестото исучете го во потенка кора и нанесете го одозгора во сакана форма. Може да исечете ленти, да направите спирала како јас или цела тенка кора да ја ставите одозгора. Споете ги краевите.

Ставете да се пече 20 минна 180 степени и 40тина минути на 150 степени.

Оставете да се подолади после печење и потоа наросете шеќер во прав одозгора.

Питата како што стои станува уште помека и поровка.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови