
2
јан
2016
Пита со јаболка и тиква
Јаболката се мешаат со тиквата и се додава гризот, шеќерот, циметот и ванилите. Се остава да се спои 5 минути. Се зема една кора се попрскува со мешавина од зејтин и кисела вода. Над неа се реди друга кора се нанесува од филот и се рола. Одкако ќе се заролаат сите кори питата се сече на парчиња и со четка се премачкува со остатокот од вода и зејтин. Убаво се потопуваат краевите и се пече 30 минути на 200степени. Оладена се поросува со шеќер во прав и се служи.
Овие пити се најбрзи и трпат промени во составот во зависност од залихите што ги имаме по дома. Еве ова како предлог за еден брз сладок појадок.
Лиценца: Сите права се задржани