1. Убаво се мие брокулата и се ситни на помали делови.
2. Морковите се мијат и лупат од надворесниот слој и се сечат на кругови.
3. Претходно варено цвекло, се сече на помали делови.
4. Сето ова се меша се посолува, се додава од течноста (саламурата) од цвеклото (ако е конзервирано, но јас си го подготвувам сама дома), се додава маслиново масло и балсамико и малку сушен босилок.
Супер е салатата за овие пост празнични денови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани