Постапка
Најпрво ќе го сприготвите основниот фил
- Желатинот помешајте го со водата и оставете го да набубри
- Измешајте ги водата и млекот, одвојте од него околу 150 мл. а остатокот оставете го да се грее.
- Во друг сад изработете ги жолчите со шеќерот, додадете го брашното, во добиената смеса додадете го постепено одвоеното млеко, измешајте добро да е смесата без грутчиња. Тргнете го провриеното млеко настрана, додавајте постепено од смесата со жолчките и постојано мешајте исто така да не се створат грутчиња, вратете на огнот и сварете густ крем како пудинг. Тргнете од огнот, промешајте, додадете го во топлиот фил желатинот и промешајте да се истиот стопи. Покријте го со проѕирна фолија за да не добие на површината кора.
- Почнете да ги матете белките додавајки постепено од шеќерот во прав. Кога ќе добиете цврст снег од истите, додадете кај кремот со жолчките, но не целиот одеднаш, по неколку лажци и постојано мешајте внимавајки притоа да не излезе воздухот за да остане така кремаст - пувкав.
Нека се лади сега вака целосно, а за тоа време вие исечете го ролатот на потенки парчиња. Модлата постелете ја со хартија за печење, а на страните ставетез ѕидови од пластични листови за да истата ви се извади комплетно цела. Прво од ролатите ставете по ѕидовите, а потоа обложете го и дното. Истурете го филот, во модлата и одложете во фрижидер да се стегне. Послужете.

Значи ова е основата на филот. Јас во него додадов вишни, а откако беше изладен ставив прелив исто така од вишни кој го спремив на веке претходно напишан начин. Во компотот од вишни додавам малку шеќер и густин, ги варам на тивок оган, да олади преливот до млако како би можел да се излее, а во истовреме не предизвика топење на филот.
Затоа кажав - декорацијата по ваш избор, било со овошје било така само ставен фил па декориран додатно со белки, а не мора. Можете да користите и повеќе ролати за да го направите десертот на две нивоа. Доколку сакате да приготвите поголема форма, тогаш дуплирајте ги состојките од филот, Нормално потребни ќе се и повеќе ролати од Винчини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани