Навистина брз рецепт кој може да го направите во секој момент.
Јас прв пат ова го направив пред некое време кога ми се најави гости а немав многу време да спремам некој десерт.
Ги искористив прекрасните чоколадни мини ролати од Винчини кои ги добивме во богатото новогодишно паќетче од синко.
Само малку ги збогатив, и тоа ги прелив со топено чоколадо, и сецкани ореви.
Брзо, вкусно и ефтино, а сите гости уживаа во вкусот на ролатчињата ...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови