Брз десерт со 120 гр чоколадни мини ролати од Винчини
Состојки
- едно паковање чоколадни мини ролати со чоколадо
- 100 гр мелени или сецкани лешници
- 100 гр чоколадо за готвење
Подготовка
Навистина брз рецепт кој може да го направите во секој момент.
Јас прв пат ова го направив пред некое време кога ми се најави гости а немав многу време да спремам некој десерт.
Ги искористив прекрасните чоколадни мини ролати од Винчини кои ги добивме во богатото новогодишно паќетче од синко.
Само малку ги збогатив, и тоа ги прелив со топено чоколадо, и сецкани ореви.
Брзо, вкусно и ефтино, а сите гости уживаа во вкусот на ролатчињата ...