Велигденски јајца варени во чај од хибискус
Откако ги видов овие јајца, толку убави ми се видоа, сиви, елегантни, па морав веднаш да ги пробам, да се подготвам пред Велигден. Пробав само со две јајца и 1 лажица чај од хибискус, не беше во кесички.
Едното го ставив така, а другото прво го излепив со исечкана лушпа од кромид, го завиткав во газа и така го ставив. Убав контраст доби сивата со портокаловата боја.
1. Ставете ги јајцата, чајот и вода да ги прекрие и варете ги на многу тивко десетина минути. Потоа ставете им една лажица киселина и оставете ги во чајот да постојат. Бојата зависи од тоа колку време ќе стојат во чајот. Колку повеќе ги држите, толку посиви ќе бидат.
Ако варите повеќе јајца, во водата ставете ги кесичките и продолжете со постапката.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови