Овој рецепт за чоколадни гнезда е направен со корнфлекс, чоколадо, мед, путер и чоколадни јајца. Овие гнезда се вистинско Велигденско уживање.

Тие се многу едноставни за правење и бараат само неколку основни состојки. Наместо корнфлекс, може да користите и експандиран ориз. Ќе ви треба и голем сад за мешање, лажица, тавче за мафини и хартиени корпи за мафини. Од оваа доза јас направив половина.

Подготовка:

1. Подгответе го калапот за мафини. Обложете го калапот со хартиени корпиња.

2. Растопете го чоколадото + путерот. Загрејте ги чоколадото и путерот до растопување, убаво измешајте, па додадете го медот. Измешајте убаво.

3. Додадете го корнфлексот. Истурете го корнфлексот во садот со растопеното чоколадо и измешајте убаво додека целиот корнфлекс не се покрие со чоколадо.

4. Формирајте гнезда. За да ги изградите гнездата, ставете 3 супени лажици од смесата во хартиената корпа во калапот за мафини. Нежно притиснете ја смесата со корнфлексот надолу, формирајќи длабнатинка во центарот и доведете ги корнфлексите нагоре од страните.

5. Ладење. Ставете ја тавата за мафини (калапот) во фрижидер да се олади околу 30 минути до еден час. Потоа вашите гнезда се готови! Послужете. Раширете ги хартиените корпи при сервирање.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови