Велигденски гнезда
1. Во длабок сад ставаме рендани јаболка, брусница, суво грозје, мед, цимет и какао. Промешуваме со лажица. Го додаваме овесното брашно и кокосот, месиме со рака да се соединат состојките. Формираме бомбици кои малку ги сплескуваме и на средина им правиме мала вдлабнатина. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, ќе ги проверите зависно од рерната.
2. Оставаме да се изладат и го правиме филот. Во длабок сад ставаме кокосов крем, путер од кикиритки, мед и какао. Промешуваме. Со лажичка ставаме од филот во секоја вдлабнатина од гнездата.
3. Во сад ја ставаме зелената боја и водата, промешуваме. Го додаваме кокосот и мешаме да се обои. Оставаме да се исуши.
4. Врз филот ставаме зелен кокос и чоколадни бомбони.
Лиценца: Сите права се задржани