Традицијата продолжува, ја подготвуваме за Велигден, а секаде има различно име. Додека не почнав да се дружам со Вас овде на МР поима немав што е тоа козињак, а познат ми беше милибродот. Еве и јас да ви се придружам со еден вкусен традиционален рецепт ...

Подготовка
1. Се замесува средно меко тесто од сите состојки со млако млеко. Се остава да стаса.
2. Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на три дела.
3. Секој дел се сука во правоаголник, ама во форма на долга прачка. кој се филува , па се мота како ролат. Од трите прачки или ролатчиња се прави плетенка.
4. Плетенката ја ставаме во круг во округло намрсено тавче или пак ја делиме на два дела и ги редиме во правоаголно тавче.
5. Плетенките ги премачкуваме со жолчка од јајце и ги оставаме да стасаат околу1 5-20 минути или додека да ни се загрее рерната.
6. Ги печеме на 180-200 степени во загреана рерна до поцрвенување.