Тиквичката ја лупиме и рендаме во сад, додаваме малку сол и оставаме еден час да пушти вода. Потоа ја цедиме убаво, ги додаваме јајцата и брашното, пецивото,изгмечената фета, бибер. Смесата треба да е течна слично на тесто за американски палачинки. Во тава на загреано масло ги пржиме плексавиците истурајќи ги со поголема лажица. Кога ќе се изладат ги јадеме како мезе или пак во мојот случај како сендивч, во кој ставаме листови салата, плескавица и малку тартар сос. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови