Вегетаријански плескавици
1. Свежите шампињони откако убаво ќе се измијат, се ставаат да се варат во провриена и посолена вода. Се варат околу 15 минути. Потоа ситно се сечкаат и се пропржуваат во тава на малку масло, колку да омекнат, се додава вегетата.
2. Компирот откако ќе се свари, се лупи и се пасира. Се додава малку сол и црн бибер.
3. Исчистените моркови, заедно со грашокот се варат во малку посолена вода. Откако ќе се сварат морковите се рендаат.
4. Посебно се припрема бешамел смесата. На загреан путер се става 3 лажици брашно, убаво се промеша, се долива млеко и кратко се вари да се добие густа бешамел смеса. Откако малку ќе се олади сместа се додаваат јајцата и пармезанот. Па потоа се додава се останато, пире од компир, шампињоните, морковите, грашокот и презлата. Се убаво се измеша, да се добие еднолична смеса.
5. Од смесата се обликуваат плескавици кои прво ги валкаме во брашно, па во изматените јајца, па на крај во презла.
6. Се пржат на загреан зејтин, да добијат златно румена боја. Се вадат и се ставаат на хартиени салфети за да се впие вишокот мрснотија.
Се служи со кисело млеко, павлака или со таратор салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови