
Веганска тава со зеленчук со Дм Био маслиново масло
Превкусна тава со зеленчук. Доколку имате и ја правите во земјена тава, добива и поинакув вкус самото јадење.
Оваа количина е за едно лице.
Зеленчукот го миеме, го сечкаме на еднакви долгнавести парчиња, го ставаме во тавата, ги додаваме зачините, маслото и еден филџан вода,го покриваме со фолија и го ставаме во загреана рерна, се ставаме освен пченката оти таа е веќе сварена ќе ја додаме на крај само.
По половина час ја вадиме фолијата и оставаме уште малку време да се потпече зеленчукот.
Штом е готова тавата, ја додаваме пченката, ставаме магдонос и е спремно за јадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови