20
дек
2022
Ваљачиња со кондензирано млеко
Во мал сад на тивок оган ги ставаме да се соединат кондензираното млеко, чоколадото и путерот.
Тргаме на страна.
Додаваме мелени ореви, кекси, вишни.
Убаво соединуваме.
Јас вишните ги сомелив, што и не е задолжително.
Оставаме во фрижидер да се излади смесата.
Формираме ваљачиња кои ги обложувам со чоколадни мрвици.
Лиценца: Сите права се задржани