Испечати

Ваљачиња со кондензирано млеко

Ваљачиња со кондензирано млеко

Состојки

  • 100гр кондензирано млеко, засладено, густо
  • 100гр црно чоколадо
  • 2 полни лажици кандирани вишни
  • 50гр тостирани ореви
  • 30гр путер
  • 50гр мелен кекс или мелени вафли
  • 100гр чоколадни мрвици за обложување

Подготовка

Во мал сад на тивок оган ги ставаме да се соединат кондензираното млеко, чоколадото и путерот.
Тргаме на страна.
Додаваме мелени ореви, кекси, вишни.
Убаво соединуваме.
Јас вишните ги сомелив, што и не е задолжително.
Оставаме во фрижидер да се излади смесата.
Формираме ваљачиња кои ги обложувам со чоколадни мрвици.