Еве еден брз хронерски појадок…

Подготовка
Го вклучуваме апаратот за вафли. Сувите состојки ги соединуваме и во нив го додаваме маслото и киселата вода. Промешуваме со лажица до соединувањe. Во загреаниот апарат ја ставаме смесата и чекаме да се испече. За намазот го сечеме авокадото на половина, ја отстрануваме семката и ја лупиме кората. Го гмечиме со вилушка и додаваме сок од лимон, масло, сол, бибер и толчено лукче. Посипете со чиа семки врз намазот.

Забелешка
Појадоков го правев наутро,брзав за на работа па целата смеса ја истурив во апаратот и и излезе една вафла. Вие ако имате време можете од оваа смеса да направите две потенки вафли.