![Вафли со банана](https://moirecepti.mk/content/uploads/2020/02/20200218_141019-adb0a0-449x800.jpg)
25
фев
2020
Вафли со банана
Најпрво се матат јајцата во сад.
Бананите се пасираат и се додаваат во садот со јајцата заедно со путерот, брашното, циметот и ванилин шеќер. Одкако ќе се соединат се додава прстофат сол.
Апаратот за вафли предходно се загрева. Одкако ќе се загрее се додава од смесата и се пече додека да добијат златна боја.
Истата постапка се повторува и со остатокот од смесата.
Декорирате по желба.
Јас за декорација користев чоколадо за готвење растопено и послужено со јаготки.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани