Јајцата се варат во обична вода околу десет мин. Се вадата и со задниот дел од лажицата се кршат за да може да примаат од чајот и зачините. Потоа се додаваат состојките за маринадата од чај и зачини. Сите зачини се промешуваат убаво и се остава да крчкаат на слабо околу 1 час. Потоа може да стојат уште еден до два часа.
Многу убава арома има од анасонот и чајот.
Со ружичките на пареа се одличен појадок.
На здравје.