Варени јајца во маринада од црн чај и зачини (кинеско)
Состојки
- црн чај
- ѕвездест анисон (или замена обичен во прав)
- кинески бибер (замена црн бибер во зрна)
- ловоров лист
- кристали шеќер (замена лажиче шеќер)
- луто чили по потреба
- соја сос
Подготовка
Јајцата се варат во обична вода околу десет мин. Се вадата и со задниот дел од лажицата се кршат за да може да примаат од чајот и зачините. Потоа се додаваат состојките за маринадата од чај и зачини. Сите зачини се промешуваат убаво и се остава да крчкаат на слабо околу 1 час. Потоа може да стојат уште еден до два часа.
Многу убава арома има од анасонот и чајот.
Со ружичките на пареа се одличен појадок.
На здравје.