Од наведените состојки за тесто се замесува тестото за ѓевречињата. Квасецот можи да се активира во млакото млеко, но и не е морално.
Се покрива и се остава да стаса.

Потоа се размесува и се дели на 15на топчиња. Редоследно од секое топче се оформува ѓеврече. Научив една интерсна финтица од каде го видов рецептот. Со помош на рачката од дрвената лажица,  се става во средината и средно енергично се врти во круг додека се оформи ѓевречето. Потоа само малку со рацете се оформува. Многу лесно и брзо. Секако, на истиот начин можи да се направи употребувајќи и показалец.

Се става водата со медот и содата да зоврие. Откако ќе зоврие, се додава солта и редоследно се ставаат оформените ѓевречиња во неа со истата страна на која лежеле. За кратко време, отприлика половина минута, тие збуфнуваат. Се вадат со решетка лажица и се валкаат обилно во сусам, па се редат во плех претходно намастен или обложен со пек-хартија.

Се печат на 200С додека убаво не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови