Варени ѓевречиња со млеко
Ѓевречињава ги правев вчера, во недела, немаше отворени пекари во близина, па си ги направив дома. Состојките ги ставав произволно, без мерење, така што ќе се обидам точно да ги напишам во количината. Ѓевречињата се крцкави од надвор, а меки внатре - баш како што треба да биди варениот ѓеврек.
Дозата е за 6 нормална големина ѓевреци, моите се помали, затоа излегоа 9.
Подготовка
Прво се раствора квасецот во млекото заедно со шеќерот. Откако ќе се раствори, нема потреба да се активира, постепено се додава брашното. Можи да го корисите миксерот со маталките за тесто. Додадете и сол и масло, па после доработете го тестото со рака. Тестото треба да биде нелепливо и средно меко за да може без проблем да се работи со него. Значи подобро малку потврдо, отколку меко
Веднаш префрлете го на набрашнета површина и сечете го на 6-8 еднакви делови, не треба да кисни.
Од секој дел оформете прво долга форма, па потоа затворете во круг. Откако ќе ги направите сите ѓевреци, ставете ја водата да зоврие со медот и секое ѓеврече ставете го кратко да се свари (прво паѓа на дното, па се крева), кога ќе се крене на површината, вадете го и ставете го на крпа, па потоа извалкајте го во сусам.
Сите ѓевречиња се редат на плех обложен со хартија за печење и веднаш се печат на 200 степени додека не поруменат. Се служат топли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови