Испечати

Варени Ѓевречиња со млеко

Варени Ѓевречиња со млеко

Состојки

  • Пола коцка Квасец
  • 1м.л. Шеќер
  • 300мл Млеко (млако)
  • околу 600гр Брашно
  • 1м.л. Сол
  • 8г.л. Зејтин
  • За варење на ѓевречињата
  • 1,5л Вода
  • 3г.л. Мед
  • За валкање на ѓевречињата
  • околу 200гр Сусам

Подготовка

Подготовката на ѓевречињата е брза, а најдобро е тоа што не се чека тестото да стаса, иако има квасец.

1. Се замесува тесто од наведените состојки и веднаш го делиме на неколку исти топчиња.
2. Ги формираме ѓевречињата во круг или можете и да ги оставите како стапчиња - по ваша желба, секое топче расукајте го со раце, па спојте ги краевите за да добиете форма на ѓеврече, или пак расукајте кора и исечете форми на крофна (прво со поголема чаша, па со некое капаче во средината да извадите кругче).
3. Секое оформено ѓеврече го ставаме во зовриена вода со мед. Ѓевречињата прво паѓаат доле, потоа за кратко самите испливуваат на површината. Тогаш ги вадиме со лажица решетка и веднаш ги ставаме во претходно пропржен сусам кој сме го ставиле во некој подлабок сад.
4. Ги редиме во плех на кој имаме ставено мрсна хартија за печење.
5. Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути.

Од оваа доза мене ми испаднаа околу 10 ѓевречиња, ама секако тоа зависи од нивната големина.