Вареники со компир и џигер (украински специјалитет)
Вареники - Украинско традиционално јадење, може да се полни со различни филови, солено и со благо.
За тесто
Во просеано брашно додајте сол, ставете вода по потреба да се замеси тесто. Оставете го тестото во фрижидер додека правите фил.
За фил
Компирите сварете ги и изгмечете пире, посолете, додајте црн пипер.
Џигерот сварете го и изблендирајте, додајте го во пирето.
Кромидот ситно исечете подпржете, додајте во пире. Се' заедно промешајте.
Тестото тенко расукајте го и со чаша за сок направете кругови.
Во круговите со лажица ставете фил, залепете ги краевите заедно. По желба направете шарки.
Во тенџере ставете вода да зоврие, подсолете ја малку. Во врелата вода ставете вареники да се варат, мешајте ги полека со дрвена лажица, додека не зовријат, и варете ги 12 минути. Извадете вареники со цедалка.
Послужете ги со кисела павлака.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани