Рецепт од детството на секое дете.

1.Во еден сад измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето и смесата нека се изедначи.
2. Потоа додадете го јогуртот и омекнатиот путер и свинската маст. Измешајте убаво па додадете ги брашното и прашокот за пециво. Брашното додавајте го полека додека не добиете тесто кое може убаво да се отвори во кора, но не смее да биде претврдо. Значи од оваа количина 600 г можи да треба нешто помалку или нешто повеќе, зависи од брашното.
Додадете ги исецканите бадеми и убаво измесете. Исучете кора со дебелина до 2 цм и со калап вадете форми и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Гурабиите се печат на 180 степени околу половина час. После печењето, извалкајте ги во шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови