Испечати

Ванилици

Ванилици

Состојки

  • Цела доза
  • 1 кг брашно
  • 500 гр свинска маст
  • 300 гр мелен орев
  • 250 гр шеќер
  • 100 гр прав шеќер
  • 2 лимони (сок и кора)
  • 2 жолчки
  • 1 јајце
  • џем по вкус
  • Пола доза
  • 500 гр брашно
  • 250 гр маст
  • 150 гр мелен орев
  • 125 гр шеќер
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1 лимон сок и кора
  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • нема пециво

Подготовка

Јас правев пола доза од кои излегоа три плеха. Инаку ме пленија и со вкус и со мирис и со структура.
1. Се бие маста заедно со шеќерот и ванилата. Се додава јајцето оревите и брашното .Се меси убаво со постепено додавање на брашно ,за да не се залепи. Се сучи кора и се вадат крукчиња. Се печи на 180С-10 мин на хартија. Додека се жешки се филуваат со мармалад и шеќер во прав.