Ванилици со мармалад од дуњи
Традиционален бабин рецепт. Бели, нежни, снежни, ровити, вкусни, суви колачиња, кои се секогаш добродојдени на празничната трпеза. Во мојов случај со мармалад од дуњи, кој им дава посебен шмек.
ПодготовкаЧ
1.Свинската маст отстоена на собна температура, се мати со миксер, додавајќи ги шеќерот, ванилата, солта .Кога сето тоа ќе стани кремасто и пенасто, се додава лимоновиот сок, па жолчката и јајцето. Потоа се додава ситно ренданата кора од лимон, брашното, мешајќи со миксер додека трпи, а потоа се домесува со рака додавајќи го остатокот од брашното и сецканите ореви.
2.Се добива меко тесто, кое се развлекува помеѓу две хартии за печење, со дебелина од пола сантиметар. Се вадат форми со помош на ракиена чаша. Се редат на хартија во плех.
3.Се печат во загреан рерна на 180 Ц, околу 10 на минути или печите према вашата рерна. Битно е колачињата одозгора да останат бели, а долниот раб да порумени.
4.Штом малку оладат, се спојуваат две по две со мармалад и се валкаат во замирисан шеќер во прав со ванила. Колку повеќе стојат, толку поубави се!
Наместо сало, можи путер....
На здравје сладење!
Лиценца: Сите права се задржани