Кремасто ванила задоволство со примеси на ароматичен вкус од јагода. Тортичка за мерак !!!

Подготовка
1. Белките се матат кратко со миксер, па се додаваат шеќерите. Продолжуваме со матење додека да се стегне смесата, да се направи како снег.
2. Потоа се додаваат мелените бадеми, пециво и лебните трошки. Промешуваме лесно со шпатула додека да се соединат состојките.
3. На хартија за печење во големо тавче ја распоредуваме смесата и ја печеме на 180 степени.
5. Испеченото тесто го ладиме, ја вадиме хартијата и го сечеме на три дела.
6. Деловите ги ставаме еден врз друг и ја сечеме за да се изедначат сите страни.
7. За филот жолчките ги матиме заедно со шеќерот, па го додаваме пудингот и млекото. Соединуваме, ја ставаме смесата во тенџере на пониска температура па мешаме додека да згусне. Може да се готват и на пареа, ама мене ми е полесно вака.
8. Откако ќе згусне смесата го тргаме тенџерето од рингла и ја додаваме белата чоколада искршена на парчиња. Мешаме додека да се стопи и соедини. Го оставаме кремот да излади.
9. Го матиме пенасто путерот кој ни бил на собна температура и го додаваме кон изладениот крем од жолчки. Ги соединуваме. Филот го делиме на три дела.
10. Редиме кора, фил, џем од јагоди, кора, фил, џем од јагоди и на крај со остатокот од филот ја премачкуваме цела торта. Оставаме да се лади во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани