Слатки коцки со ванила и капучино
Кора
7 белки се матат во цврст снег.
7 жолчки се матат со 7 лажици шеќер. Двете смеси се соединуваат, па им се додаца гризот, брашното и пецивото. Смесата убаво се меша и се дели на пола, па се печат 2 кори во плех бр 32 околу 20 минути на 170 степени.
Фил
Млекото се става да зоврие со шеќеот. Од како ќе зоврие се става прашакот за пудинг растворен во малку млеко и се вари густ крем.
Маргаринот се мати со шеќрот во прав и се додава кон оладениот пудинг. На крај се додава и изматениот шлаг и се добива лесна мазна крема.
Се реди првата кора и се премачкува со половина од филот. Во оваа половина се додава и една кесичка капучино.
Втората кора и втората половина од филот и на крај се декорира со шлаг кремот од ванила и рендана чоколада.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови