Испечати

Слатки коцки со ванила и капучино

Слатки коцки со ванила и капучино

Состојки

  • 7 лажици шеќер
  • 7 јајца
  • 5 лажици гриз
  • 4 лажици брашно
  • 1 пециво
  • фил
  • 1л млеко
  • 200гр шеќер
  • 4 кесички (по 40гр) пудинг од ванила
  • 2 кесички шлаг пена
  • 1 кесичка капучино
  • 250гр маргарин
  • 200гр шеќер во прав
  • 50гр чоколада за готвење
  • 1 кесичка шлаг крем од ванила

Подготовка

Кора
7 белки се матат во цврст снег.
7 жолчки се матат со 7 лажици шеќер. Двете смеси се соединуваат,  па им се додаца гризот, брашното и пецивото. Смесата убаво се меша и се дели на пола, па се печат 2 кори во плех бр 32 околу 20 минути на 170 степени.

Фил
Млекото се става да зоврие со шеќеот. Од како ќе зоврие се става прашакот за пудинг растворен во малку млеко и се вари густ крем.
Маргаринот се мати со шеќрот во прав и се додава кон оладениот пудинг. На крај се додава и изматениот шлаг и се добива лесна мазна крема.

Се реди првата кора и се премачкува со половина од филот. Во оваа половина се додава и една кесичка капучино.
Втората кора и втората половина од филот и на крај се декорира со шлаг кремот од ванила и рендана чоколада.