Во касерола го налеваме млекото, додаваме шеќер и еден пудинг од ванила.
Вариме на тивок оган до згуснување.
Оставаме на страна да се лади со повремено промешување.
Во сад ја матиме многу малку слатката павлака.
Лажица по лажица додаваме во изладениот пудинг и соединуваме со миксер.
Бананата ја пасираме, додаваме некоја капка лимон.
И неа ја додаваме на претходната смеса.
Соединуваме.
На дното на 6 чаши ставаме по една искршена бисквита.
Ставаме од кремот
Покриваме пак со по една искршена бисквита.
Остатокот на павлаката го матиме и нанесуваме во чашите.
По желба ставаме и малку сок од вишни, трошки...
Оставаме на ладно 2 часа па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани