Испечати

Ванила - банана десерт во чаша

Ванила - банана десерт во чаша

Состојки

  • 400мл млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 3,4 лажици шеќер
  • 100мл слатка павлака
  • 2 поголеми банани
  • 125гр карамел бисквити со цимет
  • Чоко топчиња за декорација

Подготовка

Подготовка:

1. Во тенџере ги ставаме млекото, шеќерот, прашокот за пудинг. Убаво промешуваме, да нема грутчиња.
Вариме на тивок оган со постојано мешање. На половина од готвењето, односно кога смесата е загреана, ја додаваме слатката павлака. Вариме до згуснување. Тргаме од оган.
2. На дното на 5 чаши ставаме кршени бисквити, по 2,3. Ставаме полна лажица од пудингот. Врз него ставаме кругови банана. Повторно пудинг, кршени бисквити, банани... Значи наизменично ги ставаме состојките. Најгоре ставаме чоко топчиња. Оставаме во фрижидер да се излади, па сервираме.