7
јул
2020
Буковска пипер
Од лани ми останаа низалки пиперки.И ете дојде време да се направи буковска пипер -пипер за макање,за додатоци во јадење едноставно пипер за уживање во јадењето.
1. Се мијат со вода пиперките и им се вадат рачките и семето. Се редат во плех од рерна и се печат на 100 С -додека да фатат коричка и малку кафеава боја.Пиперките се вртат наизменично за убаво да се исушат и испечат.Се оставаат да оладат.
2. Се мелат во машина за месо.Се остава да се просуши пиперот и готово.На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани