Во сад на пареа ставете ги карамелите и слатката павлака. Јачината да не е многу висока, а од време на време промешувајте да се стопат карамелите.
Во нив, откако ќе се стопат и ќе ги тргните од огнот, ставете го чоколадото со лешници и мешајте додека се стопи и тоа.
Калапите премачкајте ги со стопеното темно чоколадо заедно со маслото и ставете ги во фрижидер. Постапката повторете ја уште два пати.
Наполнете ги калапите со кремот, прелијте ги со чоколадо и пак ставете ги во фрижидер убаво да се стегнат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови