Испечати

Бронхи пралини

Бронхи пралини

Состојки

  • 8-9 бронхи карамели
  • 150 мл слатка павлака
  • 100 гр млечно чоколадо со кршени лешници
  • 200 гр чоколадо со висок процент какао
  • 3 лажици масло

Подготовка

Во сад на пареа ставете ги карамелите и слатката павлака. Јачината да не е многу висока, а од време на време промешувајте да се стопат карамелите.
Во нив, откако ќе се стопат и ќе ги тргните од огнот, ставете го чоколадото со лешници и мешајте додека се стопи и тоа.
Калапите премачкајте ги со стопеното темно чоколадо заедно со маслото и ставете ги во фрижидер. Постапката повторете ја уште два пати.
Наполнете ги калапите со кремот, прелијте ги со чоколадо и пак ставете ги во фрижидер убаво да се стегнат.