Брз и лесен колач за кој не ви треба миксер, згоден кога немате многу време.
Ако ставите растително млеко, имате убав посен какао колач.

1. Во сад ставете го шеќерот, внатре просејте го брашното, какаото и содата бикарбона, измешајте со лажица, на крај ставете го млекото и убаво измешајте за рамномерно да се изедначи смесата.
2. Смесата истурете ја во намрсена и набрашнета тава бр.28 и печете на 200 степени околу 25 минути.
3. Штом се испече колачот веднаш почнете со подготовка на преливот.
Измешајте го шеќерот со какаото, додадете го млекото и маслото и загрејте го со постојано мешање со силиконска шпатула. Внимавајте да не загори.
Штом смесата ќе зоврие тргнете ја настрана, ставете го кокосот, измешајте убаво и веднаш распоредете го врз топлиот колач.
Изладениот колачот исечете го на коцки и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани