
4
мар
2013
Брзо лепче со сода и јогурт (кисело млеко)
Брзо и вкусно...
1. Во вангличката ставете го одмереното брашно, додајте солта и измешајте.
2. Направете вдлабнатина во брашното, ставете го јогуртот. Во јогуртот ставете ја содата и оставете нека се угаси ( таа ќе почни да се пени) . Откако овој процес завршил, замесето го тестото. Измесете добро.
3. Измесеното и формирано тесто во лепче, ставете го во тавче, печете во предходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 мин.
Уживајте и во вкусот и во мирисот! Одлично е!
Чашата е од 240мл
Лиценца: Сите права се задржани