Тортиљиве се лесни за подготовка, меки и вкусни.

Подготовка
1. Се замесува тесто од сите наведени состојки и се остава десет минути да одмори.
2. Се дели на осум топчиња кои со помош на оклагија се расукуваат тенко, во големина на тавчето во кое ќе се печат.
3. На тавче премачкано со малку масло ги ставаме да се печат.

Забелешка
Не мора постојано да се подмачкува тавчето со масло. Ќе видите сами дали има потреба. Се печат на рингла на не многу висока температура, кај мене е ринглата максимум на 6, а јас ги печев на 4 и 5. Печењето е отприлика 1 минута од една страна па 1 минута од друга страна. На секое расукување на топчето од тесто се става брашно и под него и врз него, за да не ни се залепи додека го расукуваме.