Од срце ви ги препорачувам овие слатки переци, превкусни се...

Подготовката е брза и лесна

Од наведените состојки замесете средно тесто (ниту многу тврдо, ниту многу меко).

Со помош на оклагија развлечете кора, дебелината треба да биде околу 1 цм.

Со помош на калапче вадете переци и наредете ги во тава, обложена со хартија за печење.

Премачкајте ги со белки од јајце и печите на 180 степени околу 15 минути

Кога ќе се изладат, ставете им шеќер во прав и послужете.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани