1
авг
2014
Брзи полнети пиперки со просо и кајмак
Рерната се загрева на 200 степени.
1. Просото се става да вари во вода и се додава сол.
2. Пиперките се мијат, сечат на половина и се чистат внатре
3. Штом просото почне да набабрува се додава кари. Секако може и некој друг зачин по желба.
4. Од просото се става во пиперките.
5. Се матат јајцата и се истура врз просото.
6. Се наросува пармезанот и се става на печење.
7. Кога пиперките се готови ги вадиме и на секоја ставаме лажиче кајмак кое од роплината убаво се разлева и дава посебен вкус.
Пперките може и да се поховаат и печат со истава смеса. Супер е и така.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови