2
сеп
2014
Брзи министерски уштипци
Барајки нешто брзо а вкусно налетав на овие уштипци и веќе станаа редовно на нашето мени за гости, но и за нас онака за да си каснеме.
Во подлабок сад се кршат јајцата и се матат со жица за матење, се додава сирењето издробено на ситно, шунката се сецка и се додава, сецканиот магдонос, киселото млеко, брашното и пецивото. Се меша се убаво и се посолува по вкус. Маслото се става да се загрее убаво и со лажица се пуштаат во врелиот зејтин да се пржат.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови