Прекрасна, брза торта со вкус на лимон за сите кои обожаваат вакви торти.

Подготовка:
1. Најпрво јајцата, шеќерот и шеќерот во прав ги матиме со миксер, додека не добиеме убава пенаста смеса, и потоа постепено, ги додаваме млекото, маслото, брашното и прашакот за пециво. Откако ќе ги соединиме сите овие состојки, додаваме кора од еден рендан лимон и сок од два цедени лимони.
2. Потоа мешаме со силиконска лажица и ја ставаме смесата во набрашнета тава. Јас користев овај пат куглов.
3. Печеме околу 30на минути. Јас стандард секогаш си проверувам со чепкалка за заби дали е готова тортата, на онај старински начин. Откако ќе подолади може да ја наросите со шеќер во прав

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови