Покрај многуте рецепти за погачи, еве уште една брза, но многу убава погача.
- Во длабок сад се ставаат сите течни состојки за тестото, се матат со жица, потоа се додава квасецот (издробен), шеќерот и солта, се меша и се започнува со постепено додавање на брашното.
- Се замесува меко нелепливо тесто, се рассукува во голем круг, се премачкува со маргарин, се сече на краци кои се преклопуваат и се остава во фрижидер 15 минути.
- Подлогата се набрашнува и се почнува со рассукување на тестото.
- Со нож тестото се засекува да се добие поправилен круг кој се сечи на 8 дела.
- Секој триаголник се мачка со маргарин, се става издробено сирење, се витка како корнет и се става во намрсена со маргарин тава бр. 26.
Се редат и останатите 7 триаголници.
- Од лентите тесто сечкаме помали ленти, ги виткаме како полжавчиња и ги пополнуваме празнините во тавата.
- Погачата ја премачкуваме со жолчката, наросуваме сусам и се кисни 30 минути.
- Се печи на 200 степени 20 минути, а после на 180 степени уште 10 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани