Брза пица
Во последно време пиците ги правам само по овој рецепт кој го имам многу одамна.Тестото е одлично.
1. Во сад го ставаме брашното, го додаваме квасецот, лажичка шеќер и сол и промешуваме. Ја додаваме млаката вода и убаво мешаме со лажица. На крај го додаваме маслото и повторно мешаме со лажица. Го оставаме тестото околу 5-10 минути.
2. Го делиме на два дела и го ставаме во тава за печење тарт или пица, формираме две пици(тавата да биде намрсена и набрашнета). Доколку сакате оваа мера е доволна и за една голема пица која може да ја печете во плехот од шпоретот. Тестото е многу меко и мазно,со прсти полека притискајте и развлечете го во тавата во која ќе печете.
3. Прво премачкајте со доматен сос, наросете оригано, ставете сувомеснато по избор, шампињони и на крај рендан кашкавал.Јас декорирав со рукола.
Рерната загрејте ја на најсилно и печете околу 8 минути.Служете топла.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови