Брза дробена салата во тегли
Со спремањето на оваа салата најмногу време ќе изгубите во миењето и сечкањето на зеленчукот отколку со останатиот дел во спремањето.
Освен што ме привлече леснотијата за спремање и изборот на колку тегли отприлика ќе сакам да полнам, ме изненади и додавањето на зрел домат во зимница што кај нас не е обичај, па решив дека и така мора да се проба.
Подготовка
1. Исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња.
За овие состојки ќе ви требаат 3 големи тегли.
2. Редете по тенок ред од секој зеленчук, почнувајќи од лукот.
Јас во една додадов и сечкан млад кромид плус од наведените состојки, па ќе видиме за една седмица како ќе се вклопи кога ќе ја пробаме.
3. Кога ќе ги наполните теглите, најгоре додадете го магдоносот и биберот.
Потоа додадете ги шеќерот, солта, киселината и маслото.
4. На крај турајте зовриена вода постепено во теглата додека не се наполни до горе.
Штом е полна, веднаш затвотете ја со капачето и превртете ја однопаку.
Така нека седат додека комплетно не оладат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови