Рецептот го најдов на странски форум и бидејќи сите дома сме големи љубители на брауни и крофни морав да го направам.

Крофните се вкусни дури и нареден ден, кората е тврда а внатрешноста е сочна.

Подготовка во чекори
1. Брашното се меша со какаото
2. Во тенџере (средна големина) се топи путерот. Следно се додава чоколадото (претходно рендано). Сето тоа го мешаме додека чоколадото не се спои убаво со путерот. Го тргнаме од оган, и го додаваме шеќерот. Сега матиме со миксер на средна брзина да се растопи шеќерот. Јајцата се додаваат едно по едно и со последното јајце ја додаваме и ванилата. Јас користев течна па ставив едно лажиче.
3. Мешавината од брашно ја додаваме последна. Матиме додека добиеме хомогена смеса.
7. Оставаме да отстои 5 минути и потоа печеме во апарат за крофни 7-10 мин.

За Преливот
1. Слатката павлака заедно со млекото ги загреваме, да се топли. Го додавме чоколадото со нутелата заедно. Сите состојки ги вариме не повеќе од 5 минути, целата смеса треба да стане течна.
Додека ги печеме крофните преливот ќе си добие густина.

Напомена

Времето на печење е подолго од вообичаено бидејки смесата е потечна. Истите можи да се направат во рерна ако имате калапчиња за крофни. Во тој случај се печат 12 минути. За преливот, темното чоколадо може да се замени со млечно или со чоколадни капки. Ако искористите млечно чоколадо намалете на количината на шеќер. Со преливот може да се прелијат крофните и да се нароси кокос, мелени лешници, кршени мали парчиња од колачиња и слично.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови