Подготовка

1. Јајцата ги матиме убаво, да станат пенести (околу 10 минути). Го додаваме бејлисот и матиме убаво.
2. Нутелата ја загреваме во микро 30 секунди (или на пареа) и ја ставаме во подлабок сад.
3. Ги додаваме јајцата, дел по дел, кај нутелата и мешаме со лажица (не со миксер).
4. Кога смесата е еднолична ја префрламе во намрсен калап за печење (24цм) и печеме на 180 степени околу 25 минути.
Предлог за послужување - со топка сладолед и карамел сос.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани