Брауни колач без брашно
1. Чоколадата се топи на пареа и се трга на страна.
2. Јајцата се ставаат во сад за матење и се матат со миксер 5-6 минути додека не се добие цврста пенеста смеса.
3. Потоа се додава прашокот за печиво и претходно растопената чоколада и кратко се меша со миксер додека состојките не се соединат.
4. Тавата за печење се обложува со хартија и внатре се става добиената смеса.
5. Се пече околу 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
6. Откако ќе се испече се остава половина час на собна температура а во меѓувреме се подготвува какао глазурата по упатството од паковката.
7. На крај секое парче се прелива со глазурата и се декорира со кокос и мелени лешници.
Лиценца: Сите права се задржани